Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Крај за Динамо – Аталанта оди во осминафинале

Аталанта оди во осминафиналето откако со 3-0 славеше на гостувањето кај Шахтар.

Манчестер Сити со 4-1 го победи Динамо во Загреб и го елиминираше од европските натпреварувања.

Динамо имаше убав старт на мечот, со одличен гол на Олмо во десетата минута поведе со 1-0, со триумф тие одеа во осминафиналето, но тоа не се случи.

Следуваа три погодоци на Габриел Жесус, а конечниот резултат од 1-4 го постави Годен на шест минути до крајот.

Динамо Загреб со овој пораз заврши на последното место во групата, Шахтар ќе продолжи во Лига Европа.