Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нема нови трансфери, но остварија нова победа – Њукасл немоќен против Тотенхем

Тотенхем успеа да дојде до премиерна победа на отварањето од новата сезона во Премиерлигата.

Гостите од Вајт Харт Лејн денеска беа подобри од Њукасл на гостински терен со 2:1. Почетниот резултат и водство му припадна на гостите, Јан Вертонген со удар со глава, ги матира домаќините, но за тој гол да биде валиден, мораше во сето тоа да биде вклучена и ВАР технологијата, која го потврди водството на Тотенхем.

Само 3 минути подоцна домаќините преку Хоселу изедначуваат на 1:1, но и тогаш им траеше малку радоста, бидејки во 18. минута Тотенхем преку Деле Али повторно доаѓа до предност од 2:1.

До крајот и двете екипи имаа шанси да го променат резултатот, а најзрелата ја имаа Њукасл во 86. минута кога погодија пречка за 2:2.

sportclub.mk