Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Помфритот му направи проблем на фудбалерот на Челзи

Фудбалерот на Челзи Рос Баркли (25) по победата над Брајтон во родниот Ливерпул, во понеделникот вечерта одлучил да се опушти малку. Но, сепак заврши на насловните страници на тамошните медиуми. Не станува збор за сериозна ситуација, сепак Лампард не дозволува фудбалерите да бидат предмет на медиумите, освен на фудбалскиот терен.

Имено, Рос Баркли се возел со такси додека јадел помфрит. Во еден момент, истурил дел од помфритот на задното седиште. Таксистот побарал од фудбалерот парично да надомести поради тоа што го „оштетил“ неговото возило, но фудбалерот одбил. Била повикана полиција, која го натерала Баркли на банкомат да извади пари и да му плати оштета на таксистот.

-Баркли не направи никаково злосторство, освен тоа што јадеше помфрит на задното седиште. Сепак, да искоментирам малку посериозно. Беше наивно од негова страна во пресрет на натпревар од Лига на шампиони да излезе во ноќен провод. На еден професионалец, тоа не смее да му се случи, изјави тренерот на Челзи Френк Лампард.

Челзи вечерва му гостува на Лил во рамките од 2.коло од Лигата на шампионите.