Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Португалија ја сруши Франција

Португалија направи големо изненадување, ја сруши Франција со 28:25 во првото коло на Европското првенство.

Франција добро тргна во натпреварот и имаше постојано водство од 2 до 3 голови разлика се до резултат 9-7. Потоа следуваше еден огромен пост од цели 10 минути без постигнат гол, па Португалија направи серија од 5-0 за да поведе со 9-12. „Триколорите“ ја намалија негативата во финишот на полувремето и на пауза резултатот гласеше 11-12.

Во 49-та минута, Портуалија поведе со 19-22, но фаворитот врати со серија од 3-0 за да израмни на 22-22. Се играше гол за гол се до последните неколку минути. Португалија водеше со еден разлика, па Французите добија две исклучувањана 90 секунди до крајот, а Португалците го искористија тоа за да запишат сензационална победа од 28-25.

Диого Бранкињо со пет голови најмногу се истакна во редовите на Португалија, додека Андре Гомеш имаше четири погодоци, колку што имаше и Жоао Мигел Фераз. Дика Мем со четири голови беше најефикасен кај Франција, додека Никола Карабатиќ и Лудовик Фабрегас постигнаа по еден помалку.