Фудбал
ВИДЕО: Руни со прекрасен гол не потсети на неговите најдобри денови
Некогашниот англиски репрезентативец и напаѓач на ДС Јунајтед Вејн Руни синоќа одигра одлично и постигна го во победата на неговиот тим против Портланд.
ДС Јунајтед го победи Портланд со 4:1, а Руни постигна два гола. Првиот беше рутинска реализација, а другиот беше приказна самата по себе.
Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед велемајсторски погоди од слободен удар и на тој начин потсети на неговите најдобри денови во кариерата.
Инаку, Руни сега има вкупно три погодоци во оваа сезона, а шанса да дојде до четвртиот ќе ја има во наредното коло кога неговиот тим игра против Њу Енгланд.
.@WAYNEROONEY WITH A BEAUTY! ? #DCvPOR https://t.co/5nyftQ74ZZ
— Major League Soccer (@MLS) August 16, 2018