Фудбал
ВИДЕО: Салцбург ја елиминираше Шкендија од ЛШ
Ред Бул Салцбург вечерва ја елиминираше екипата на Шкендија од Лигата на шампиони.
Тетовци имаа негатива од 3-0 по првиот натпревар одигран во Австрија, а вечерва немаа сили ниту за минимална победа, со која чесно ќе се простеа од елитното натпреварување.
Стрелец на голот за австрискиот шампион беше Такуми Минамино во 92-та минута од натпреварот.
Ова не е крај за европската авантура на Шкендија, бидејќи продолжува во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Таму ќе игра со подобриот од двомечот помеѓу Корк Сити и Розенборг, а по првиот натпревар Норвежаните имаат предност од 0-2.