Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шкендија се одмазди – Алими три пати ја тресеше мрежата на Борец

Вистински фудбалски натпревар попладнево меѓу Шкендија и Борец, во рамките на 13. коло на ПМФЛ.

Најуспешен на натпреварот беше Арменд Алими кој успеа дури три пати да ја тресе мрежата на противникот, во 22′, 30′ и 66′ минута.

Еден гол постигна и Бесарт Ибраими во 24. минута.

Во следното коло Шкендија го игра дербито со Работнички во Скопје, додека во Велес ќе гостува Македонија Ѓорче Петров.