Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Спектакл на Бентегоди – Бернардески го украде шоу-то на Роналдо

Шампионот на Италија денеска славеше многу по тешко, отколку што очекуваше. Јувентус новата сезона ја стартуваше со победа од 3:2 против Киево со гол во последните минути од натпреварот.

Се започна одлично, но по само 180 секунди од натпреварот мрежата на Киево ја затресе Сами Кедира и славеше за брзо водство од 1:0.

Од тој момент „старата дама“ можеби и премногу се заигра, па му се закануваше неколку пати преку Роналдо, кој не успеа во ниту еден момент да постигне гол.

Ладен туш за Јувентус дојде во 38. минута од натпреварот кога Степински Мариуш добро реагираше на асистенцијата на Џакерини па успеа да го матира својот земјак на гостинскиот гол.

До крајот на првото полувреме играчите на Јувентус пробуваа да го израмнат резултатот или евентуално водство, но сепак не успеаа.

Во второто полувреме видовме три голови, од кои еден пенал, еден авто-гол.

Во 56. минута од пенал Џакерини постигна гол, со што Киево дојде во водство.

Матија Бани во 75. минута си постигна авто-гол и изедначи на 2-2.

Шлагот на тортата го донесе Јувентус со гол во последната минута од натпреварот, односно 90+3.