Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Трајковски тресе мрежи, ама на тренинг

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во последно време или малку минути или воопшто не добива шанса за настап во дресот на Мајорка. Попладнево Мајорка има уште еден тежок меч, гостуваат во Баскија кај Билбао, а и тука како и на претходните мечеви не се знае дали ќе настапи од прва минута или воопшто ќе игра.

Во досегашниот тек од сезоната Трајковски играше само на осум мечеви. Од четири меча откако се рестартираше сезоната, Мајорка има три порази и едно реми. На трите меча на кои изгуби не постигна ниту еден гол. Па, можеби е тоа причината за лошите резултати, но и причина можеби за поголема минутажа на Алекс Трајковски.

Тој на последниот тренинг покажа дека знае да постигнува голови.