Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: За овој цепелин на Петровски и Радовиќ уште долго ќе се зборува!

Вистинска магија вчера на теренот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола за време на натпреварот Еурофарм Работник.

Во 45. минута од натпреварот според SPORTM.mk беше постигнат голот на ова коло во Лигата на шампиони откако Петровски и Радовиќ ја измамија гостинската одбрана и со супер-цепелин ја кренаа публиката на нозе.

Погледнете го тој момент:

За Еурофарм Работник ова беше последен натпревар откако Општина Битола и клубот одлучија да се спојат во еден по името Еурофарм Пелистер. А прв натпревар со нови дресови и грб ќе се случи на домашен терен во вторник во Битола.