Connect with us

Фудбал

Вие сте обични кловнови! Барела за скандалот нема да молчи: Ќерките ми ги читаат овие глупости, ќе се видиме на суд!

Насловните страници на италијанските медиуми со денови се практично непроменети. Обложувачкиот скандал во кој до неодамна беа вмешани репрезентативците Сандро Тонали и Николо Заниоло, а пред се Николо Фаџоли е главна тема на „Чизмата“. Фудбалерите чекаат можни казни, а во петокот гласно одекна говорот на Никола Барела.

Играчот од средниот ред на Интер ги загуби нервите откако неговото име со денови кружеше по весниците и порталите и се поврзуваше со нелегално обложување. Барела сè уште останува на својата изјава дека нема никаква врска со обложувањето.

– Од весникот би очекувал малку поголема сериозност. Вистината е дека вие сте кловнови! Предолго молчам и покрај се што се пишува за мене деновиве. Никогаш не сум сакал коцкање или обложување. Единственото нешто за што сега ми е грижа се моите ќерки и семејството, кои морам да ги заштитам од ова ср**. Затоа денеска ќе преземам правна постапка – рече Барела во приказна на Инстаграм каде објави фотографија од напис во весник.

Пораката очигледно стигнала, бидејќи La Verità исто така објави изјава од изворот кој на озборуваниот колумнист Фабрицио Корона и неговата веб-страница Dillinger News им ги дал сите овие приказни за играчи кои учествуваат во нелегално коцкање. Тој човек е Маурицио Петро, вујко на поранешниот играч на младинската академија на Интер, Антонио Еспосито.

„Немате никаква врска со тоа, само го објавивте она што го кажав и напишав“, изјави Петро за La Verità. „Сакам да му се извинам на Барела за оваа грешка. Погрешив што го именував, но се збунив бидејќи во последните неколку дена многу се споменуваше“.