Ракомет
Викендов Шесто коло од Лигата на шампиони
Викендов се враќаат возбудувањето во европскиот ракомет во двете конкуренции. На програма е шестото коло од Лигата на шампиони каде Металург дома игра со Чеховски Медведи од Русија.
И овој пат, во отсуство на Лино Червар, екипата од Автокоманда ќе ја води Александар Јовиќ, кој пред новинарите изјави дека е време Металург да ја прифати улогата на фаворит. По последните резултати, екипата од Скопје е сериозен кандидат за второто место и пласман во квалификацискиот круг.