Connect with us

Фудбал

Вилијамс и Балде го напуштија таборот на Шпанија поради повреди

Шпанците Нико Вилијамс и Алехандро Балде нема да бидат дел од тимот за баражот за ЕП против Норвешка поради повреди здобиени за време и пред последниот натпревар со Шкотска.

Црвената фурија го совлада својот ривал со резултат 2:0. Вилијамс не беше ниту во протоколот поради проблем со грбот, додека левиот бек на Барселона беше заменет на полувремето поради повреда на адукторот.

Луис де ла Фуенте меѓу левите бекови го има Фран Гарсија од Реал, додека селекцијата во нападот и крилата е побогата.

Шпанија е втора во групата А со 12 бода од пет натпревари, додека Шкотска е лидер со 15 од шест натпревари.