Connect with us

Фудбал

Висар Муслиу е фудбалер на годината, Елмас најдобар македонски играч во странство

Наградата за најдобар македонски фудбалски репрезент во странство ја доби Елиф Елмас, а најдобар фудбалер во првата лига е Висар Муслиу, кој играше за Шкендија пред да замине во унгарски МОЛ Фехервар.

Тие ги добија главните награди на вечерашната церемонија на најдобрите во мак-фудбалот. Муслиу порача дека „Сега е наше време“ и рече дека сака македонската репрезентација да се најде на Европско првенство.

Тренер на годината е Југослав Тренчовски кој со Академија Пандев го освои купот. Влатко Стојановски кој сега игра за Ним, а во минатата сезона беше во Ренова, е прогласен за најдобар стрелец во првата лига.

Џемаил Ибиши од Вардар е најдобар млад играч. Флорент Рамадани од Шкендија е прв стрелец во младински фудбал. Шкендија е најдобар клуб во младински фудбал, а најдобар тренер е Филип Деспотовски од Вардар.

Најдобра фудбалерка за 2019 година е Ленче Андреевска од Каменица Саса. Најдобар тренер е Илија Мандаров од Драгон, клубот кој освои двојна круна, додека Ели Јакоска е најдобар стрелец во женскиот фудбал.

Таулан Исмаили од КФМ Шкупи е најдобар фудбалер во футсал. Марјан Гоцевски е најдобар судија, а Академија Пандев е нај фер-плеј екипа.