Connect with us

Кошарка

„Внимание, Антиќ се враќа во Улкер арена!“

Во пресрет на мечот против Црвена звезда во Евролигата, европскиот шампион, Фенербахче објави дека со нетрпение го очекува враќањето на македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Утре (вторник) во Истанбул, Фенербахче ја пречекува Црвена звезда во натпревар од 13. коло во Евролигата, мечот поченува од 18:45 часот.

Како вовед за натпреварот Фенербахче на својот твитер профил објави слика од Перо Антиќ како централна фигура на мечот и напиша:

„Внимание! Антиќ, кој со голем успех го носеше дресот на Фенербахче и имаше удел во историските успеси на клубот, се враќа утре во Истанбул“.

Антиќ одговори: „Многу сум возбуден што се враќам во Улкер арена!!! Се гледаме во вторник!“.