Connect with us

Ракомет

Во Автокоманда утре ќе се организира седмото издание на “Новогодишниот турнир“

Скопје ќе биде собиралиште за најмладите членови на Ракометната академија Металург, кои ќе бидат дел од седмиот по ред традиционален “Новогодишен турнир“.

Дел од годинешното издание на турнирот ќе бидат дечињата од нашите школи од Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и од Кичево.

На турнирот пријавени се 21 екипи во три староски категории (2006/07, 2008/09 и 2010 и помали), кои ќе одиграат 20 натпревари. Поради бројноста и неможноста да се игра по групи, турнирот ќе има елиминациски карактер, по системот кој губи испаѓа.

За наградите на годинешниот турнир се погрижија нашите пријатели од Витаминка, Виталија, Магрони и од Македонија осигурување.