Connect with us

Тајмаут

Во Париз: Само безалкохолно пиво со лимон поради закон од 1991 година

Спорт, навивачи и… пиво. Да, но не во Париз за време на Олимпијадата!

Гледачите на најважниот спортски настан во светот нема да можат да уживаат ниту половина литар од пенливата течност која ќе им донесе свежина и расположение за поддршка на нивните миленици.

Причината е контроверзниот француски закон од 1991 година. Во него се наведува дека не можете да консумирате или да купите алкохолен пијалок за време на спортски настан ако не е дел од менито за храна.

А такви за време на Олимписките игри нема!

Можете да купите одделно чипс (4 евра), виршли (9,5 евра), сендвичи (помеѓу 8 и 11 евра) или слатки пуканки (4,5 евра). И на нив додадете безалкохолно пиво со вкус на лимон.

Љубителите на фудбалот и рагбито веќе доживеаа вистински шок кога го дознаа ова! Некои од натпреварите во овие спортови се веќе одиграни, бидејќи три недели се прекратки за да се соберат сите натпревари.

Во спортските објекти во Франција, гледачите можат да купат два вида пиво – големо пиво за 8 евра и мало со вкус на лимон за 6 евра. Останатите пијалоци се вода (3,5 евра) и безалкохолни газирани и негазирани пијалоци (5 евра). Чашата за нив чини 2 евра и е за повеќекратна употреба.

Всушност, ќе има некои „среќници“ кои ќе можат да пијат безалкохолно пиво. Тоа се луѓето кои купиле ВИП места за кои се обезбедени менија за храна. Сепак, само за билет треба да платат од 70 до 520 евра!