Connect with us

Ракомет

Во продажба билети за мечевите со Војводина и Мотор

Од денеска (31 октомври) во продажба се пуштаат поединечните билети за следниот два домашен натпревар на Вардар во СЕХА Газпром лигата против Војводина и против Мотор Запорожје. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар – Војводина е закажан за 4 ноември 2019 година (понеделник) во СЦ „Јане Сандански” во 20,15 часот.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје е закажан за 13 ноември 2019 година (среда) во СЦ „Јане Сандански” во 20,15 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Војводина и со Мотор е 50 денари

(Цената се однесува за еден натпревар)

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.