Connect with us

Други спортови

Во Велес борби од Првата лига и Младинската лига во бокс од Државното првенство за 2019

Во Спортската сала „Гемиџии” во Велес денес се одржа 5. (претпоследно) коло од натпреварите  на Државното првенство во бокс  за 2019 за Прва лига-сениори и Младинска лига.

Како што информира за МИА, Фатон Салихи, потпретседател на Боксерската федерација на Македонија, по денешните борби од петото претпоследно коло во Првата лига за бокс од Државното првенство прва со 66 бода е екипата на БК„Чаир” која денеска го зголеми водството од 42 на 66 бода. Втора како и во десегашните натпревари  и понатаму останува екипата на БК „Пелистер 2007″ од Битола со 42 бода,а трета  со 38 бода е екипата на БК „Универзалци” од Скопје.

– Сите борби поминаа во најдобар ред и без инциденти,а организацијата на домаќините беше одлична, оцени, Салихи.

Последното шесто коло од државното првенство е закажано за две недели во Скопје кога ќе се знае и носителот на тутулата државен првак.

Инаку, денеска во Велес во петото коло учествуваа 16 екипи од двете лиги, а се одржаа  20 борби во двете категории со  40 боксери во рингот.

Исто така и по денешните борби, нема промени во Младинската лига каде и понатаму прва е екипата на БК „Шкендија но Лимит” од Тетово, втора е екипата на  БК „АС” од Прилеп” и  трета екипата на  БК „Борец” од Велес.