Connect with us

Фудбал

Враќање на Меси кое брзо ќе го заборави: Поништен му е гол, ја погоди гредата, а Мајами со пораз ја заврши сезоната (ВИДЕО)

Интер од Мајами ја заврши сезоната со пораз од Шарлот (0:1), иако во еден момент беше хит на шампионатот, а ова е и последен натпреварувачки натпревар за Лионел Меси.

Пресврт на натпреварот одигран пред 66.000 навивачи во Шарлот беше голот на Кервин Варгас во 13. минута, по што избраниците на Херардо Мартин имаа голем број на шанси кои не ги искористија. Можеби најдобра, во 62. минута, ја имаше легендарниот Аргентинец, кој од слободен удар ја погоди гредата. За волја на вистината, пред тоа ја погоди и мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.