Connect with us

Фудбал

Замена на електронски ваучери со пластифицирани картички

Фудбалскиот клуб Вардар информира дека од понеделник, започнува замената на електронските ваучери за блок билети, со сезонски картички за следните натпревари од Лигата на Европа.

Замената почнува од 25.09 (понеделник), и ќе трае до 01.10 (недела). Замената ќе се врши на билетарницата на Арената „Филип Втори“ во Скопје, секој ден од 10 до 18 часот.

Секој мора да го приложи испечатен електронскиот ваучер, за да ја добие пластифицираната сезонска картичка.

После истекот на рокот за замена, нема да бидат валидни електронските ваучери, односно оние кои ги имаат купено блок билетите ќе немаат право да влезат со истите на следните натпревари. Ве молиме почитувајте го рокот на замена.