Фудбал
Земете му ја капитенската лента, само плаче и кука-Легендата се срами од капитенот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити без проблем го доби градското дерби против Манчестер Јунајтед со 3:0 (1:0) на „Олд Трафорд“, а да биде уште полошо за тимот на Ерик тен Хаг по натпреварот паѓаат критики за играчите на „црвените ѓаволи“, пред се капитенот Бруно Фернандеш, додека медиумите не го штедат ниту тренерот.
„Првата работа што би ја направил по натпреварот е да му ја одземам капитенската лента. Знам дека тоа е голема одлука, но Бруно Фернандеш во никој случај не е капитенски материјал“, изјави Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.