Connect with us

Фудбал

Ждрепка за групите во ЛШ: Барселона, Дортмунд и Интер во „групата на смртта“, ПСЖ и Реал Мадрид на мегдан

Денеска беа извлечени групите во Лигата на шампионите каде што добивме неколку интересни пресметки.

Најинтересно, се чини, ќе биде во групата „Ф“ каде што има три фаворити за две места кои носат во осминафиналето. Ждрепката сакаше во иста група да бидат Барселона, Борусија Дортмунд и Интер, заедно со Славија Прага.

Актуелниот европски првак Ливерпул оди на мегдан со Наполи, Салцбург и Генк. Интересна група доби Црвена Звезда која се падна до Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос, додека Динамо Загреб оди против Манчестер Сити, Шахтјор Доњецк и Аталанта.

Јувентус и Атлетико Мадрид се паднаа заедно со Леверкузен и Локомотив Москва. Челзи, Ајакс, Валенсија и Лил исто така може да биде најнеизвесната група. Најтрофејниот Реал Мадрид оди на мегдан со ПСЖ, Бриж и Галатасарај.