Connect with us

Ракомет

ЖРК Металург без милост кон ЖРК Вардар Јуниор

Во рамките на 8. коло на женската Суперлига во Автокоманда се сретнаа екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Вардар Јуниор. Ова беше втора средба меѓу овие две екипи, по поразот на нашиот тим во првото коло, кога нашите девојки беа поразени со резултат 27:25 (12:10).

Но, за разлика од тој натпревар, денеска во Автокоманда средбата мина во комплетна доминација на нашиот тим, кој водеше во текот на сите 60 минути, повремено и со максимални 11 гола разлика.

Металург средбата ја почна со серија од 3:0, а нашиот противник својот прв гол го постигна дури во 10. минута. Веќе на полувреме имавме добитна разлика од 6 гола, 13:7, која до крајот на средбата ја зголемивме на 9 гола, 27:18. И покрај обидите на нашиот противник да дојде до поприфатлив пораз, се чини дека на крајот треба да биде и задоволен што разликата не ја мина границата од 10 гола.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор 27:18 (13:7)