Connect with us

Фудбал

Зи-Зу верува во Иско

Иако не му дава поголема минутажа ниту во актуелната сезона, предводникот на шпанскиот гигант Реал (М), Зинедин Зидан, се уште не сака да стави крај на соработката со офанзивниот играч за врска, Франциско Иско.

Репрезентативецот на Шпанија редовно ја грее клупата за резервни фудбалери и поради таквата ситуација сака да ја смени средината веќе во јануари. И покрај таквата негова желба, францускиот интернационалец им соопштил на клупските челници дека и понатаму смета на неговите услуги | Вечер