Connect with us

Фудбал

Зидан се враќа на клупата на Реал?

Зинедин Зидан е најсериозниот кандидат да го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

Италијанскиот стручњак по крајот на сезоната ќе го напушти кралскиот клуб, а челниците на клубот со најмногу трофеи во Европа сакаат да го вратат Зидан. Низ приказната се споменува и доаѓањето на Килијан Мбапе.

„Зидан е првата опција, бидејќи добро знае како функционираат работите во Мадрид. Исто така, тој е силен адут за доаѓањето на Килијан Мбапе“, пишуваат медиумите во Шпанија.

Славниот француски ас веќе два мандати го водеше Реал Мадрид. Тој освои три Лиги на шампиони, две титули во шпанскиот шампионат, а го има и Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.