Фудбал
Звезда ги тужеше Саудијците за 10 долари, сега ќе треба да платат 105.270 долари!

Неверојатна ситуација.
Црвена звезда го доби спорот пред ФИФА кој го покрена против Ал Феиха од Саудиска Арабија, а се се случи околу трансферот на Милан Павков.
Српскиот центарфор потпиша договор со Ал Феих, а отштетата не и беше исплатена на Црвена Звезда во договорениот рок.
Хронологијата на настаните:
– На 25 август 2022 година беше склучен договор помеѓу Звезда и Ал Феиха, кој вклучуваше исплата на 800 илјади долари до 29 август.
– На 29 август саудискиот клуб испрати инструкции за плаќање, но не изврши уплата
– На 1 септември 2022 година Црвена звезда бара докази за уплатата
– 12 септември Ал Феиха испраќа „брза“ за наводната исплата 29 август
– 17 септември Црвена звезда потврдува дека не е извршена исплата
– 27 септември Црвена звезда го предупредува Ал Феиха дека ќе поднесат жалба до ФИФА
– 29 септември Црвена звезда добива 799.990 долари
Поради тоа што не беше извршена целата уплата од 800.000 долари, како и поради грубото однесување на Саудијците по трансферот, Црвена звезда беше принудена да поднесе жалба до ФИФА.
Црвено-белите на крајот на октомври побараа наплата на казна во висина од 105.270 долари, од кои 100.000 долари се парична казна, 5.260 долари на камати, како и 10 долари кои недостасуваа до 800.000 долари.
Судијата на ФИФА, Лоа Алвеш од Франција одлучи дека Ал Феиха мора да и плати на Звезда дополнителни 105.270 долари.