Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Наполи на својата сестра испратил полиција, ех тие пусти пари (ВИДЕО)

Скандалите не престануваат во италијанската Серија А, а во центарот на вниманието повторно е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој до неодамна беше на удар на медиумите кога неговиот клуб на социјалните мрежи објави видео како Нигериецот промаши пенал. Осимен неколку недели ги избегнуваше соиграчите и клупските челници, дури и ги бришеше сите фотографии поврзани со Наполи.

Нов инцидент се случува и во приватниот живот на фудбалерот, во кој главни актери се тој, неговата сестра и нејзиниот сопруг Осита Около. Во саботата сопругот на неговата сестрата, односно неговиот зет, објави видео од полиција како се обидува да ја уапси неговата ќена, а очигледно фудбалерот ги повикал органите на прогонот да се пресметаат со неговата сестра.

„Осимен повика полиција да постапи насилно со неговата сестра, односно мојата сопруга, поради прашањето за кое сè уште се водиме судски спорт“, стои над објавеното видео.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да откриваат што се случува во семејството Осимен, па дознаа дека фудбалерот на својот зет му должи 400.000 долари од трансферот од Лил во Наполи во 2020 година, бидејќи зетот бил посредник. .