Connect with us

Други спортови

100 милиони долари за две години, Мерцедес не сака да го изгуби Хамилтон

Шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон доби понуда од Мерцедес за продолжување на соработката.

Според „Gazzeta dello Sport“, на британскиот возач, Мерцедес му понудил договор од 100 милиони американски долари за нов двегодишен договор.

Оваа понуда дојде како одговор на Ферари, кој покажа сериозен интерес да го ангажира шампион, па Мерцедес реши да одговори.

Понудата е на маса на актуелниот шампион и тој сега ќе одлучи што да прави со неговата кариера.

Хамилтон е од почетокот со Мерцедес. Тој управува со автомобил Мекларен Мерцедес од 2007 година и никогаш не го променил својот тим.

Им донесе шест шампионски титули, но тој е голем фаворит да го стори тоа и оваа година.