Connect with us

Фудбал

13 пати ја допре топката и постигна хет-трик

Мауро Икарди синоќа постигна три гола во победата на ПСЖ над Сент Етјен од 6:1.

Аргентинецот оствари уште еден одличен натпревар, а интересно е што тој само 13 пати ја допре ропката на овој натпревар.

Од тие 13 допири, додадени се пет, но на крајот успеа да добие хет-трик и уште еднаш покажа дека е навистина фантастичен напаѓач.

„Можеби нема многу контакт со топката, но знае дека ќе постигне гол веднаш штом топката ќе стигне до него. Тој е секогаш подготвен“, изјави неговиот соиграч Марко Вертити по натпреварот.

Аргентинецот постигна вкупно 17 голови оваа сезона на 19 настапи за парижаните.