Connect with us

Фудбал

34 навивачи од Полска на гости кај братската навивачка група „Чкембари“ во Битола

Навивачката група „Чкемабри“ денеска и во наредните денови во Битола се домаќини на своите браќа по навивање од Полска, членовите на навивачката група “Торфиоже“ од градот Белхатов од Полска.

Во Битола се пристигнати 34 навивачи од братската навивачка група на „Чкембарите“ кои се дојдени за утре во Скопје да ја следат репрезентацијата на Полска против Македонија.

Покрај дружењето во Битола полските навивачи беа денес на Пелистер и во Сливница, а 14 навивачи од „Чкембарите“ пред неколку месеци беа гости на „Торфиоже“ во Полска.

Утре заминуваат за Скопје, каде се очекува да има околу 2.500 навивачи од Полска.

По натпреварот најголем број од навивачите на навивачката група „Торфиоже“ ќе се вратат во Битола.

Извор: BitolaNews