Фудбал
Рибери во улога на посредник: Убедува двајца поранешни соиграчи да дојдат во Фиорентина
Фиорентина успеа да го донесе искусниот Франк Рибери во своите редови, откако Французинот помина речиси цела „вечност“ во редовите на Баерн.
37-годишниот Рибери покажа дека тој сè уште има што да понуди на теренот, а неговите контакти сега би можеле да бидат корисни за Фиорентина.
Рибери, наводно, ја презема улогата на менаџер / посредник, со задача да ги доведе своите поранешни соиграчи од Баерн, Марио Геце и Марио Манџукиќ, во Фиорентина.
И двајцата се слободни агенти, а деновиве има шпекулации дека Манџукиќ е многу близу до доаѓањето во Фиорентина.
Патем, Манџукиќ го напушти Јувентус во текот на зимата и потпиша за катарскиот Ал Духаил, но тој не остана таму долго време.
Геце, исто така, стана слободен агент ова лето, откако стави крај на партнерството со Борусија Дортмунд. Покрај Фиорентина, за него, наводно, е заинтересиран и Атлетико Мадрид.
Дали Рибери ќе може да игра клучна улога и да ги убеди гореспоменатите двајца фудбалери да дојдат во „Артемио Франки“ останува да се види.