Фудбал
Барселона жестоко ќе го казни Артур, доколку не се појави денес во тренинг центарот
Бразилскиот фудбалер Артур Мело се најде во центарот на вниманието, откако одби да се врати од Бразил во Барселона.
Артур отпатува за Бразил на одмор по завршувањето на сезоната во Шпанија, а сега фудбалерите на Барса ги очекуваат подготовките да продолжат да се натпреваруваат во Лигата на шампиони. Фудбалерите на Барселона треба да се појават денес на тестирање, а тренинзите започнуваат во четврток.
Сепак, во шпанските медиуми се појавија информации синоќа дека Артур нема да се појави на тренинзи, бидејќи тој одби да се врати во Барселона. Тој сака да остане во Бразил до крајот на сезоната, а потоа ќе отпатува во Торино затоа што својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус.
Артур одбива да игра за Барселона во Лигата на шампионите и покрај тоа што сè уште е врзан со договор за овој клуб. Ова многу ги налути клупските челници кои најавија дека Артур ќе биде строго казнет доколку не се појави денес во центарот за обука.
„Спорт“ пишува дека Артур ќе биде казнет со неверојатни 500.000 евра, што треба да ги заработи до крајот на договорот, односно дека повеќе нема да добива ниту една плата се додека е договорно врзан за клубот, доколку не дојде на тренинг.
Во Барса, му замеруваат на Артур, бидејќи тој не играше откако беше потврдено дека ќе замине во Јувентус. Од друга страна, Миралем Пјаниќ, кој е дел од овој трансфер, го играше скоро секој натпревар во дресот на „Старата дама“ и покрај најавата дека оди во Барса.