Connect with us

Фудбал

Румениге ја критикуваше УЕФА за поништената суспензија на Манчестер Сити

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге ја критикуваше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за поништувањето на суспензијата на Манчестер Сити и повикува на прилагодување на регулативата за Финансискиот фер-плеј (ФФП).

Водејќи се од гореспоменатиот правилник, УЕФА воведе двегодишна забрана за Манчестер Сити да учествува во европски клупски натпреварувања, но пред две седмици Судот на арбитража за спорт (КАС) ја поништи таа казна, изјавувајќи дека многу од наводните нарушувања на финансиската „фер-игра“ од страна на англискиот клуб, „не беа докажани или станаа застарени“. Румениге рече преку видео конференција дека УЕФА очигледно не ја завршила својата работа добро.

„Од сè што слушнав од разни извори, заклучувам дека не беше добро организирано во подготовките“.

Румениге исто така рече дека му е драго за поранешниот тренер на Баерн, Пеп Гвардиола, кој може да учествува во елитното натпреварување, но додаде дека ФФП треба да се обнови поради случајот.

„Кога го донесовме правилникот за финансиски фер-плеј пред десетина години, беше речено дека не смеете да трошите повеќе пари отколку што заработувате. Ова повторно мора да стане почетна точка. Затоа треба да направиме некои измени“, рече Румениге, заклучувајќи:

“Ние мора да направете измени што ќе бидат прифатени од сите, играчите, менаџерите и клубовите. На крајот, сите ќе имаат корист од финансискиот „фер-плеј“. “