Connect with us

Фудбал

Модриќ е само една година помлад од таткото на новата ѕвезда на Реал: „Оттогаш, тој ме нарекува сине …“

Во Реал Мадрид главниот збор се уште го имаат „легионери“ како Серхио Рамос, Карим Бензема и Лука Модриќ, но помладите генерации полека доаѓаат до израз.

Во шампионската сезона, целосна афирмација доживеаја Федерико Валверде, Винисиус и 19-годишниот крилен играч Родриго, кој е член на Реал Мадрид од минатата година.

За време на интервјуто за медиуми, Бразилецот раскажа интересна анегдота за реакцијата на 34-годишниот Лука Модриќ, кога Хрватот дозна дека таткото на Родриго е само една година постар од некогаш најдобриот играч на светот.

„Кога дозна дека татко ми има 35 години не ми веруваше. Тогаш тој ми рече дека морам да го почитувам, дека е доволно стар за да може да ми биде татко. Оттогаш тој ме нарекува сине и јас го нарекувам татко“, рече Родриго.

Пребројувајќи ги сите натпреварувања, Зинедин Зидан го искористи бразилскиот крилен играч на 25 натпревари оваа сезона и тој успеа да постигне шест гола вклучувајќи и хет-трик против Галатасарај во Лигата на шампионите.