Фудбал
Лампард од Челзи направи пазар: Десет играчи на продажба, меѓу нив и неколку sвезди
Лампард беше принуден да игра со многу млад тим минатата сезона, сè затоа што не можеше да направи трансфери.
Таа забрана е истечена, а сега Лампард е подготвен да го смени скоро целиот тим, а најпрво тој сака да продаде дури десет играчи, а дури потоа да донесе нови.
Постојат неколку играчи на продажба кои играа во поголемиот дел од минатата сезона, и изненадувачки е што се наоѓаат на трансфер-листата.
Емерсон, Виктор Мозес, Бакајоко, Дринквотер, Зума, Кристенсен, Батшуаи, Кепа Аризабалага, Жоржињо и Рудигер се на продажба.
Лампард донесе две засилувања досега, Зиеч и Тимо Вернер, и ако земеме предвид дека Вилијан скоро сигурно ќе се пресели во Арсенал како слободен агент, навистина е неверојатно што дури десет играчи се на продажба.
Значи, Лампард направи вистински мал пазар надвор од Челси, но прашање е колку клубовите ќе бидат заинтересирани за овие играчи.