Connect with us

Фудбал

Тренерот на Баер по поразот од Интер: Еве ексклузива за Хаверц …

Баер Леверкузен синоќа беше поразен од Интер со 2:1 во четвртфиналниот натпревар од Лига Европа.

Единствениот гол за „фармацевтите“ го постигна Каи Хаверц, талентираниот играч на германската репрезентација, кој наводно би можел да заврши во Челзи во уште еден голем трансфер ова лето.

Тренерот на Баер реши да направи мала шега со медиумите по натпреварот, па Питер Бош им даде на претставниците на седмата сила „ексклузивни информации“.

„Хаврц се сели во Хераклес“, се пошегуваше Бош, но сепак се верува дека Хаверц нема да биде член на неговиот тим следната сезона, со оглед на силниот интерес на клубовите од англиската Премиер лига, додека Баерн претходно се откажа од идејата да го купи.

Хераклес е холандски тим, прволигаш во 2016. годинакој го одигра третото коло од квалификациите за Лига Европа.