Фудбал
Вилфред Заха конечно потпишува за великан и ја добива долгоочекуваната шанса
Арсенал и Евертон се бореа за потпишувањето на Вилфред Заха минатото лето, но ниту еден клуб на крајот не го донесе.
Причината е прекумерната цена утврдена од Кристал Палас, која изнесуваше дури 80 милиони евра.
Заха е подготвен да го напушти Кристал Палас, а својата одлука ја соопшти и до челниците на клубот, кои решија дека ќе го пуштат да оди по вистинската цена.
Има три кандидати за неговиот потпис, а ниту еден не е од Премиер лигата, па овој фудбалер ќе ја смени лигата.
Имено, главен фаворит за неговиот потпис е гигантот од Франција, ПСЖ, кој сигурно може да плати колку што сака неговиот сегашен клуб.
Другите два клуба кои го сакаат Заха се Борусија Дортмунд и Монако, каде тој сигурно би имал повеќе простор за играње, но прашање е што ќе избере тој.