Connect with us

Фудбал

Дибала близу до заминување? Агент ја открива иднината на играчот

Иднината на Пауло Дибала останува во сомнеж. Италијанските медиуми ја објавија веста дека Аргентинецот ќе си замине од Јувја, бидејќи италијанските шампиони не го сакаат, но се чини дека ситуацијата е поинаква.

Аргентинскиот агент Хорхе Антун ја откри вистината и ги отфрли гласините за заминување. Тој истакна дека sвездата на Јуве ќе остане со италијанскиот тим.

„Читав гласини во весниците кои се целосно лажни. Дибала е играч на Јувентус и тој е доста среќен. Ние работиме со клубот за да го обновиме договорот“, рече агентот, отфрлајќи ги гласините.