Connect with us

Фудбал

Ди Марија: Ги победивме уште од првата минута!

Аргентинецот Анhel Ди Марија беше еден од најдобрите играчи на ПСЖ на вчерашниот натпревар. Тој постигна гол и асистираше на Маркињос за првиот гол на ПСЖ по фантастично додавање.

Крилниот играч зборуваше по натпреварот, потврдувајќи ја надмоќноста на неговиот тим над противникот.

„Ги победивме уште од првата минута од предизвикот. Задоволни сме од нашиот настап и од победата. Дадовме се од себе и сакам да им честитам на момчињата. Ние сакаме да го освоиме овој трофеј“, беа зборовите на Ди Марија по натпреварот.