Фудбал
Пред дванаесет години, неговата мајка собрала пари за копачки три месеци, а вечерва во нив го игра финале на ЛШ
Не е никаква вест дека денес некои од најдобрите и најбогатите фудбалери во детството едвај составуваа крај со крај и останаа желни за многу работи.
Кајлијан Мбапе може да има сè што ќе посака денес. Sвездата на ПСЖ заработува 17,5 милиони евра годишно, а додека беше момче, неговиот живот не беше толку идиличен.
Големиот Французин вечерва ќе го игра финалето од Лигата на шампионите и тоа во копачките за кои неговата мајка собра пари три месеци.
„Се сеќавам дека мајка ми собираше пари три месеци за да ги купи за мене. Бев пресреќна кога ги видов, но знам и колку таа издвои да ги купи. Со тие копачки ќе го играм финалето“, рече Мбапе.

Станува збор за копачки на Најк, кои некогаш беа исклучително популарни кај фудбалерите, а во тоа време ги носеше и Франк Рибери, поранешен играч на Баерн.