Фудбал
Aнгажирале приватен детектив да го следи играчот, бидејќи сакаат да го исфрлат од клубот
Шпанските медиуми денес пишуваат околу потегот на Лас Палмас, кој се чини дека е подготвен на се, за да стави крај на соработката со еден од фудбалерите.
Имено, клубот од Канарските острови е во центарот на вниманието откако беа откриени нивните валкани дела. Угледната „Marca“ пишува дека лидерите на Лас Палмас ангажирале приватни детективи за да следат еден од нивните фудбалери.
Станува збор за играчот Тани кој има договор со овој клуб уште три години. 29-годишниот играч од средниот ред пристигна во клубот како младинец, но се чини дека тие прават се што е можно за да се стават крај на соработката со него.
Против Тана во февруари беше започната постапка за наводно кршење на клупската дисциплина, но клубот нема доволно докази за тоа. Затоа ангажирале приватни детективи да го следат секој потег на овој играч.
Имено, на овој начин клубот сака да најди и најмала грешка на Тане со цел да го раскине договорот со него, без тоа да оди на штета на клубот. Но, неговите адвокати го откриле ова и сега бараат компензација од клубот за кршење на правилата.
Тане сè уште е играч на Лас Палмас и одбива да потпише спогодвено раскинување на договорот. Тој бара од клубот голема компензација што не сакаат да платат, а тие очигледно се обидуваат на сите начини да се ослободат од овој играч од средниот ред.