Фудбал
Првиот човек на Барселона сака средба со Меси
Претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу сака да се сретне со Лионел Меси за да го убеди да остане во Барселона.
Според шпанските медиуми, челниците на Барселона зазеле јасен став – немаат намера да ги слушаат предлозите на другите клубови за трансфер на Лионел Меси, чиј договор истекува во летото следната година.
Бартомеу вчера се сретна со генералниот менаџер, техничкиот секретар и спортскиот директор на клубот, а тие ја донесоа одлуката дека нема да има продажба на најдобриот играч во светот на сите времиња.
Мундо Депортиво пишува дека Бартомеу ќе се обиде да го убеди Меси дека најдобрата опција за него е да ја заврши кариерата во Барселона, но дали ќе успее во намерата е тешко да се каже.
Меси, од друга страна, е цврст во намерата да го напушти клубот. Тој е свесен дека нема да може да игра на високо ниво долго време и дека со „новата“ Барселона има мали шанси повторно да ја освои ЛШ.