Фудбал
Новиот голман на Милан ги помина лекарските прегледи
Росонерите тргнаа во потрага по нов, втор голман (единицата е резервирана за Џиџи Донарума) и го најдоа во Лион.
Неодамна се појавија шпекулации дека искусниот Чипријан Татарушану наскоро ќе пристигне на Сан Сиро, а денес од Италија пристигнува информација дека Романецот бил на лекарски прегледи во Милано.
Ова значи дека 34-годишниот Татарушану за кратко ќе потпише за Милан и официјално ќе го реализира својот трансфер од Лион.