Фудбал
Чудна комбинација на бои на резервниот сет на дресови на Барса
Барселона имаше малку подолга пауза поради нивниот настап во финалниот дел од Лигата на шампионите, а нивните настапи во првите две кола од Ла Лига беа одложени за подоцна.
Каталонците се уште се на подготовки, а вечерва одиграа пријателски натпревар против Џирона.
Барселона ја искористи оваа можност да го промовира својот резервен дрес за новата сезона.
Но, она што многу изненади е комбинацијата на бои. Шорцевите се зелени, додека дресот е розов, што секако е комбинација што не сме ја виделе толку често.
