Фудбал
Ливерпул започна преговори со фантастичниот фудбалер на Вулверхемптон
Англискиот шампион Ливерпул започна преговори со фантастичниот фудбалер на Вулверхемптон, Диого Јота.
Ова 23-годишно крило игра навистина фантастично во дресот на Волците. Тој го привлече вниманието на „црвените“ кои започнаа преговори за неговото пристигнување на „Енфилд“.
Цената е 35 милиони фунти. Не треба да има поголеми проблеми во реализацијата на трансферот и наскоро Јирген Клоп би можел да добие уште едно големо засилување.
Јота е член на Волците веќе три години. Тој има постигнато 44 погодоци на 131 настап и претходно има играно за Порто, Атлетико Мадрид и Пакос Ферерија.
„Црвените“ треба да го завршат овој трансфер за време на викендот, а од следната недела Јота може да им се придружи на новите соиграчи.