Фудбал
Зидан за Бејл: Нема што да кажам, му посакувам се најдобро во иднина
Герет Бејл неодамна ги напушти редовите на Реал Мадрид. Тој се врати во Тотенхем каде ќе игра една година на позајмица.
Неговото заминување се очекуваше поради лошите односи со Зинедин Зидан.
Шпанските новинари денеска го замолија Зидан да го коментира трансферот на Бејл, но тие не го добија тоа што го посакуваа. Зидан остана закопчан до грло, односно не потроши премногу зборови за неговиот однос со велшкиот репрезентативец.
„Немам што да кажам за ова прашање. Му посакувам се најдобро во иднина, и ние ќе продолжиме да си ја работиме својата работа“, рече Зидан и додаде:
„Фактот што некои од играчите играат повеќе, а некои помалку не е моја вина. Но, мислам дека Бејл има успех во Реал“.
Да потсетиме, Бејл пристигна во Реал во 2013 година и освои 14 трофеи со мадридскиот клуб.