Фудбал
ФОТО: Киксерот на Ливерпул има нов клуб
Лорис Кариус има нов клуб. Голманот на Ливерпул до крајот на сезоната како позајмен ќе брани за Унион Берлин.
-Се радувам за можноста да се приклуќам на овој тим и среќен сум што повторно ќе играм во Бундеслигата. Унион е посебен клуб кој заработи големо почитување, напиша Кариус.

Откако имаше катастрофална епизода на голот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во 2018-та кога беше директен виновник за два гола на противникот, никогаш повеќе не беше стандарден на голот на англискиот тим. Тогаш во финалето Реал Мадрид славеше со 3:1, а два гола се директна вина на Кариус.