Connect with us

Фудбал

Италијанскиот министер со груб напад врз Роналдо: Не биди арогантен лажго

Откако се огласи Кристијано Роналдо дека не ги прекршил протоколите со враќањето од Португалија во Торино, иако е позитивен на Ковид 19, повторно се огласи италијанскиот министер за здравство Винченцо Сподафора.

-Не биди арогантен лажго, порача Сподафора, а пренесува „Република“.

Министерот потоа додаде:

-Да не зборуваме повеќе за тоа, навистина му посакувам брзо закрепнување.

Роналдо доби позитивен тест кога играше за Португалија, по што мораше во изолација. Сепак, по само два дена одлучи со приватен авион да допатува во Торино. Но, Поругалецот вели дека во куќата немал контакт со своето семејство, бидејќи во моментов се на различни спратови. Воедно вели дека со никој во Торино немал контакт.