Connect with us

Фудбал

ФОТО: Манчини ја шокираше италијанската јавност со објавата за Ковид 19

Селекторот на Италија, Роберто Манчини се најде на удар на италијанската јавност откако на социјалните мрежи објави фотографија од пациент како лежи во болница, а кој е заразен со Ковид 19. На фотографијата имаше и текст од конверзација помеѓу доктор и пациент. Докторот го прашува пациентот како се заразил, а овој одговара од гледање на вести на телевизија.

Оваа негова објава предизвика голем бес во јавноста во Италија, бидејќи според најновите бројки во оваа земја ситуацијата со коронавирусот, односно Ковид 19 повторно е алармантна.

Едноставно ја споделив фотографијата за која ми изгледаше дека ја вади драмата од толку сложен момент. Не постоеше темелна порака ниту намера да не покажам почитување кон заразените или жртвите од Ковид-19. Ако испадна така, се извинувам, се огласи потоа Роберто Манчини.